Спортска медицина · Рехабилитација · Скопје

Побрзо назад на терен.

Центар за спортска медицина и рехабилитација со најсовремена технологија и методи проверени на врвни спортисти.

Услуги

Сè што е потребно за да се вратиш на движењето.

Од апаратурна терапија до рацете на физиотерапевтот. Секој третман се избира според дијагнозата, не според листата.

01 / 03

Физикална терапија

Апаратурна терапија за болка, воспаление и побрзо заздравување на ткивата.

10 третмани

Види ги пакетите
  1. Магнетотерапија

    Нискофреквентно магнетно поле за намалување на болка и оток и побрзо зараснување.

  2. Сонотерапија

    Терапевтски ултразвук за длабоко загревање и регенерација на меките ткива.

  3. Електротерапија

    Струи за ублажување на болка и опуштање на мускулите.

  4. Електростимулации

    Стимулација на ослабени мускули по повреда или операција.

  5. Ласеротерапија

    Терапевтски ласер за воспаление, тетиви и тешко заздравувачки повреди.

  6. Инфрацрвена ламба

    Длабинско загревање пред мануелна терапија и вежби.

  7. Цервикална и лумбална екстензија

    Растегнување на вратниот и слабинскиот дел на ’рбетот.

  8. Shockwave терапија

    Ударни бранови за хронични тетивни проблеми: петна шила, тениски лакт, скокачко колено.

  9. Текар терапија

    Радиофреквентна терапија што ја забрзува регенерацијата на мускулите и зглобовите.

  10. Норматек компресија

    Динамичка компресија на нозете за побрзо опоравување по тренинг и натпревар.

Пакети

Пакети по дијагноза.

Комбинации на процедури за најчестите состојби. Пакетот го избираме заедно, на првиот преглед.

  • Пакет 1

    Рехабилитација кај дегенеративни заболувања

    • Магнетотерапија
    • Сонотерапија
    • Електротерапија
    • Масажа на болна регија (до 10 мин)
  • Пакет 2

    Рехабилитација

    • Ласеротерапија
    • Сонотерапија
    • Електростимулации
    • Масажа на болна регија (до 10 мин)
  • Пакет 3

    Невролошки заболувања со екстензија

    • Инфрацрвена ламба
    • Цервикална и лумбална екстензија
  • Пакет 4

    Рехабилитација 2

    • Индивидуални вежби со физиотерапевт (до 20 мин)
    • Масажа на болна регија (до 10 мин)
  • Пакет 5

    Рехабилитација – дегенеративни

    • Магнетотерапија
    • Сонотерапија
    • Електротерапија
  • Пакет 6

    Рехабилитација на болка

    • Инфрацрвена ламба
    • Масажа на болна регија (до 10 мин)
  • Пакет 76 третмани

    Лимфна дренажа

    • Мануелна лимфна дренажа
  • Пакет 85 третмани

    Текар третмани

    • Текар терапија
  • Пакет 96 третмани

    Норматек

    • Норматек компресија
  • Пакет 105 третмани

    Shockwave

    • Shockwave терапија, мала или голема регија

Спортска медицина: Пакет 1 (две процедури), Пакет 2 (три процедури), Пакет 3 (три процедури).

Мисија

Висококвалитетна, индивидуализирана и ефикасна рехабилитација.

Базирана на современи терапевтски принципи, клиничко искуство и напредна технологија. Целта е да го скратиме времето потребно за закрепнување, без компромис со безбедноста и квалитетот на третманот.

Визија

Нов стандард во современата рехабилитација.

Место каде што медицината, движењето, технологијата и интегративната терапија се поврзуваат во еден систем. Центар препознатлив по резултати, професионалност и современ пристап кон закрепнувањето и човечкиот перформанс.

Контакт

Закажи преглед.

Опиши ни што те мачи и ќе те контактираме за првиот термин.

Град
Скопје

Прв преглед: проценка на состојбата, план на третман и препорака за пакет. Донесете ги наодите и снимките што ги имате.

Податоците ги користиме само за да те контактираме.